Чулев е за воведување полициски час, Владата ја разгледува оваа можност

0
80

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на Канал 5 на прашањето дали тој е за воведување полициски час, рече дека тој секогаш е за најостри мерки.

-Јас како министер секогаш се залагам за најостри мерки. Само со строги мерки може да спречиме ширење. Јас сметам дека е потребно да се ограничи движењето на граѓаните, особено во вечерните часови за да се спречат оние вечерни собирања. На Влада се прават разговори за ова и можно е да се пристапи кон вакви мерки денеска или во наредните денови, рече Чулев.