Шок во Англија и Грција: Газдата на Нотингем и Олимпијакос потврди дека има коронавирус, цел тим пратен на тестови!

0
180

Пандемијата која од час во час добива се поголеми размери во Европа и тоа како се одразува на спортските случувања на стариот континент, но сега се запали црвениот аларм во Англија и Грција откако газдата на два клуба од овие земји потврди дека има коронавирус.

Евангелос Маринакис ги искористи социјални мрежи и потврди дека е „нападнат“ од новиот вирус кој сее страв меѓу сите луѓе, но неговата ситуација е навистина специфична бидејќи во изминатите неколку дена имал контакт со огромен број на луѓе, меѓу кои и фановите.

Грчкиот газда постојано е на релација Нотингем-Грција поради тоа што ги поседува Нотингем Форест и Олимпијакос, а навистина лоша е информацијата која вели дека Маринакис бил присутен на трибините на последниот меч на англискиот тим кој се одигра во петокот вечерта.

Евангелос бил на трибините на средбата меѓу Милвол и Нотингем и се верува дека се поздравил со сите играчи на својот тим, но во меѓувреме бил и во Грција. Поради ова, следните натпревари на Нотингем се доведени во прашање, а истото важи и за Олимпијакос, клуб кој денеска сите свои играчи од првиот тим ги прати на тестирање во пресрет на мечот со Вулверхемптон во Лига Европа.

– Новиот вирус ме „посети“ мене и чувствувам обврска тоа да го знае цела јавност. Се чувствувам добро и ги преземам сите потребни мерки и дисциплинирано ги слушам инструкциите на докторите. Строго им препорачувам на сите мои сограѓани да го н аправат истото. На сите ви посакувам брзо заздравување, – напиша Маринакис.