Шпанија од карантин ѝ ја отвори вратата на Северна Македонија во НАТО

0
104

Шпанскиот Сенат попладнево едногласно го одобри Пристапниот протокол за членство на земјата во НАТО и покрај кризата со коронавирусот. Со тоа е отворен патот Северна Македонија да стане 30 членка на Алијансата.

Откако шпанските пратеници преку онлајн гласање му дадоа „зелено светло“ на членството на Северна Македонија во НАТО, се очекува и шпанскиот крал да го потпише истиот. Потоа документот треба да биде ратификуван во американскиот Стејт Департмент.