Јово Вангеловски повеќе нема да биде судија

0
74

Врховните судии му пресудија на нивниот поранешен шеф Јово Вангеловски. Тој повеќе нема да може да биде судија во ниту еден суд во земјава. Ваква е од денеска судбината на Вангеловски откако неговите колеги му ја одбија жалбата и со тоа стана правосилна одлуката на Судскиот совет за негово разрешување, којашто беше донесена пред половина година.

„Жалбениот совет донесе одлука со којашто жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 23.09.2019 година“, соопштуваат од Врховен.

Алсат денеска побара став од Вангеловски, но одговор не добивме, ниту телефонски, ниту на писмено.