Џафери: Можно е од Мијалков да сум се информирал за “Монструм”

0
82

За петкратното убиство кај Смиљковското Езеро бев информиран од колегите, истиот ден, вечерта, но не се сеќавам во колку часот. Вака своето сведочење за случајот “Монструм” го почна Муса Џафери, тогашниот вицепремиер.

Обвинителот Гаврил Бубевски го праша дали за убиството комуницирал со Сашо Мијалков, тогашниот директор на УБК.

-Да има големи шанси да сум комуницирал со него. Таков разговор сум правел за да се информирам за настанот, кој беше многу сензитивен и бев свесен каква функција тогаш имаше Мијалков, рече Џафери.