15-годишно дете, прва жртва од земјотресите во Загреб

0
107

Дете на возраст од 15 години, е првата жртва на земјотресите во Загреб, пренесува „Индекс“ по информациите од брзата помош во главниот хрватски град.

„Добивме повик за уривање на зграда. Екипа на итната помош излезе на терен и најде тешко повредено дете кое веќе не покажуваше знаци на живот“, изјави Жарко Рашиќ, директор на Завод за итна медицина.

Детето е пренесено во Клиниката за детски болести, но таму е констатирана смрт.