Австрискиот зимски центар каде, поради неодговорното однесување се зарази ,,половина Европа” , го менува имиџот

0
58

Ишгл е близу до точката на контакт меѓу Австрија, Италија и Швајцарија, а неодамна беше спомнат во медиумите како фокусна точка за зараза со коронавирус во Австрија.

Според сегашните податоци, повеќе од 800 случаи на заразени со коронавирус во Австрија се поврзани со Ишгл. Во февруари и почетокот на март, вирусот најде плодна почва во преполните кафулиња и ноќни клубови на Ишгл, каде што се заразија многу странски туристи, кои потоа го донесоа вирусот во своите татковини.

„Ќе разгледаме сè што се случи во текот на изминатите години и ќе направиме промени, таму каде што е потребно“, рече градоначалникот на Ишгл, Вернер Курц преку изјавата издадена од туристичкиот одбор на градот.

Областа беше во карантин од 13 март до 23 април.

Курц рече дека е неправедно да се означи градот само како дестинација за луди забави затоа што тоа е само дел од неговата туристичка понуда, но додаде дека тој ќе работи со локалните претприемачи за промена на имиџот на градот.

„Ова значи дека ќе инсистираме на квалитет, а помалку на забави. Ќе им дадеме приоритет на скијачите, а не на оние кои доаѓаат на еднодневни посети за да можат да одат на забави“, велат од Туристичкиот одбор. „Разговараме со локалните бизниси за тоа какви елитни погодности можат да ги уживаат нашите гости по скијањето“.