Белата куќа втор ден нема прес за корона, Трамп со коментар: Не вреди

0
36

Американскиот претседател во четвртокот посочи дека инјектирањето средства за дезинфекција може да помогне против коронавирусот, а тоа тврдење сега го прогонува.

Производителите на средства за дезинфекција Лисол и Детол ги предупредуваат граѓаните да не ги трошат овие средства заради неговите коментари. Јавните здравствени агенции исто така издадоа предупредувања.

По скратената конференција во петокот, каде не се поставувале прашања и без состанок во саботата, Трамп објави твит со кој се доведува во прашање иднината на дневните прес конференции.

„Која е поентата на организирање конференции кога медиумите поставуваат само непријателски прашања и одбиваат точно да информираат за вистината и фактите“, напиша Трамп на Твитер.

„Тие добиваат рекордна покриеност и Американците немаат ништо друго освен лажни вести. Не вреди време ниту напор“, додаде тој.