Бојан Маричиќ: Македонскиот јазик е затворено прашање

Бугарските условувања не се пречка за отпочнување на преговорите за влез на земјата во европската унија, а сетот мерки од бугарска страна во прилог на заклучокот се еднострани, објаснуваат од владиниот тим за преговори со унијата. Македонскиот јазик кој е спорен за бугарските власти во највниот додокуемнт е затворено прашање, а сите останатите барања ќе се усогласуваат до влезот на земјата во еу, преку целиот преговарачки процес, а не како услови на почеток објаснува техничкиот преговарач на змејата со ЕУ , Бојан Маричиќ.

Документот со сет мерки кој го објави австрсикиот парламент при е унилатерален и подготвен во бугарскиот парламент уште во октомври минатата година кога се очекуваше зелено светло за земјата да добие датум за преговори. Договорот за добрососедство, македонскиот јазик и македонското малцинство во Бугарија се дел од прашањата за кои со Бугарија е веќе разговарано, наведува Маричиќ. Официјланиот анекс документ подетално го обајснув европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев за интерент медиумот МКД вели дека без затворање на истроиските прашања, Македонија нема да влезе во ЕУ.

Не. Напротив. Ние сме браќа. Вие сте Македонец. Во Македонија живеат Македонци и го зборуваат македонскиот јазик. Тоа е реалноста. Тоа е современата реалност за која ви зборувам. Не можам и немам право да го спорам тоа што вие се чувствувате како Македонец. Но, во ЕУ ќе може да влезете само откако ќе ги решиме сите историски отворени прашања, вели Андреј Ковачев Европратеник, Бугарија

По, договорот за добрососедство со Бугарија, најтешката задача ја доби мешовитата комисија од експерти на двете земји која требаше да ја усогласи историјата. Средбите се на пауза заради планираните избори во април годинава, а камен на отсопнувања остана прашањето чив е револуционерниот деец Гоце Делчев. Денеска, во колумна реагираше и тимот на мекедонските историчари прозвани во бугарскиот документ во ЕУ по заклучокот за отворање преговарачка рамка.

Можат бугарските историчари и политичари да мислат дека ќе постигнат „победа“ во спорот со Македонците, но тоа со сигурност нема Македонците да ги направи Бугари. Напротив, тоа ќе доведе до уште поголема поделба и недоверба помеѓу двата народи, вели Драги Ѓоргиев Член на мешовитата комисија на експерти од Бугарија и Македонија

Извор Телма