ВМРО-ДПМНЕ: Вонредната состојба се злоупотребува, а бројот на починати и инфицирани се зголемува

Македонија и граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста и корумпираноста на СДСМ и Зоран Заев. Земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани.

СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата.

Додека сите во регионот одвојуваат и до 40 пати повеќе од Македонија, за бизнисот и граѓаните, владата на СДСМ ја накачува акцизата за горивата.

Наместо да дава СДСМ зема од граѓаните.

Мерките во здравството не се ништо подобри. Недостасуваат елементарни средства, не се почитуваат протоколите од најодговорните и се импровизира со мерките што резултира со континуирано зголемување на бројот на заболени и починати граѓани.