ВМРО – ДПМНЕ : Во моментите на пандемијата земјоделците заборавени од владата

0

Земјоделците се жалат за големи проблеми со неисплаќање на субвенциите, редуциран откуп на одредени производи, додека за дел од производите и воошто нема откуп. Земјоделците се заборавени од државата во овие тешки моменти, велат тие истакнувајќи дека е потребна итна помош за поддршка на земјоделството.

Стравувајќи од губење на своето работно место, граѓаните апелираат за помош на лицата кои ќе бидат оставени без извор на егзистенција. Тие апелираат во случај на невработеност да се покрие 70 проценти од нето платата од страна на државата поради економската криза како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Граѓаните бараат креирање на веб платформа која ќе помогне за прибирање на информации од сите деловни субјекти кои се подготвени да и помогнат на Владата со своите ресурси, материјални или знаења. Овие информации ќе бидат собрани и дистрибуирани до сите државни институции.