Во Турција 500 жртви од коронавирусот

0
51

Во Турција е на сила забраната за излегување на улиците на лица под 20 години, како дел од антивирусните мерки. Властите, исто така, ги затворија границите на 31 градови во текот на следните 15 дена, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, освен возилата за итни случаи, во обид да ја запрат епидемијата.

Употребата на маски за лице е задолжителна во метеж, на пазари и во продавници.

„Лицата на возраст под 20 години, значи оние родени по 1 јануари 2000 година, нема да можат да излезат на улица од полноќ во петокот“, објави вчера Ердоган во телевизиско обраќање. Луѓето над 65 години и оние со хронични заболувања и пред тоа имаат слична забрана за целосна изолација.