Вучиќ: Од вторник полициски час од 18.00, кафулиња и ресторани отвораат од 4 мај

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека полицискиот час ќе започне во 18 часот во вторник и ќе трае до 05.00 следниот ден по завршувањето на празникот. Претседателот рече дека 100-те евра што им биле ветени на сите граѓани на Србија, ќе бидат исплатени на 11 или 12 мај.

Вучиќ готстувајќи на ТВ Пинк најави дека од вторник, ќе се отворат сите занаетчиски дуќани: вулканизери, авто-механичарски работилници, перални, чевларници, кројачи, продавници за автомобили, велосипеди, техничка стока и градежни материјали.

Тој очекува и други продавници до 300 метри квадратни да бидат отворени на 27 април, освен оние во трговските центри, доколку ситуацијата со коронавирусотот е стабилна.

„Ако тоа се влоши, ние ќе ги повлечеме мерките“, рече Вучиќ.

Како што вели тој, идејата е да има фризерски салони, салони за убавина, спортски саи за кревање товар и фитнес, кои ќе бидат отворени од 4 мај.

Вучиќ рече дека отворањето на хотели, бањи, трговски центри, меѓуградски сообраќај, како и контролирано отворање на аеродроми, кафулиња и ресторани е планирано меѓу 4 и 11 мај.