Лекарот од Лондон починал во неговиот стан во близина на Берлин, а властите сега се загрижени дека тој можеби заразил други патници за време на летот од Велика Британија за Германија, пренесува ДВ.
Работодавачот му препишал самоизолација на германскиот државјанин, кој имал пракса во Лондон на 19 март, бидејќи имал симптоми на инфекција со коронавирус. Но, лекарот ја игнорирал одредбата и отпатувал за Берлин, каде има близок роднина и поседува стан во населбата Бабелсберг во Потсдам.
Откако властите го пронашле неговото тело, обдукцијата открила дека тој бил заразен со Ковид-19.