Грција бележи само десет новозаразени, но и уште шест жртви на коронавирусот

Во Грција во последното деноноќие се регистрирани десет нови случаи на Covid-19, што е најмал број во изминатите 40 дена, додека, пак, како последица од заразата со новиот тип коранврисут почунале уште шест пациенти.

Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 2.245 позитивни случаи на коронавирусот и вкупно 116 починати лица, според податоците објавени од претставникот за кризата со коронавирусот при грчкото министерство за здравство, професорот Сотирис Циодрас.

На апарати за вештачки дишење и реанимација приклучен е 61 пациент, а 44 лица биле отпуштени од одделите за интензивна нега.