Дезинфекција на сите основни училишта и градинки во Општина Бутел

Покрај редовната дезинфекција, во Општина Бутел е извршена вонредна дезинфекција на сите воспитно – образовни установи, информираат од општината.

Комуналната служба на Општина Бутел ги дезинфицираше сите детски градинки, а во соработка со Центарот за јавно здравје е извршена вонредна дезинфекција на сите основни училишта на територија на Општина Бутел.