Додека светот се прашува дали Ким починал по неуспешна операција , тој прима благодарница од Русија

0
32

Гласилото на Северна Кореја ,,Родонг Шинмун ‘ , каде во најголем дел се објавуваат активностите на водачот Ким Џонг-ун се наведува во денешниот број дека тој примил на 24 април честитка од лидерот на Комунистичката партија на Русија , Жуганов , каде се наведува дека двете земји големи историски достигнувања . Лани , на 25 април во Владивосток се одржал Руско – Севернокорејски самит , на кој биле воспоставени темелите на меѓусебна доверба .

Исто така денеска е објавено дека Ким примил честитка и од Руското друштво за пријателство и културна соработка по повод првата посета на лидерот на Русија минатата година.

Но во овој весник , каде детално се објавуваат сите активности на Врховниот лидер нема ниту збор за неговата здравствена состојба , особено нема ништо за поставениот стент и дали ја преживеал операцијата.

Последната забележана активност на лидерот Ким е од 12. април кога тој раководел со средбата на Политичкото биро на владејачката Народна партија.

Според западните медиуми , пак на 11. април на Ким му се слошило , се онесвестил и паднал додека бил на посета на земјоделски регион во Северна Кореја . Потоа му била извршена интервенцијата со поставување на стентот на срцето. Докторот , кој се образувал во Кина бил нервозен и најверојатно операцијата била неуспешна , по што се појавија информациите дека Ким е починат или е во вегетативна состојба , односно во кома.

Извор Канал5