ЕУ одобри 15 милиони евра помош за реконструкција на 22 училишта во Албанија

Европска Унија и одобри фонд од 15 милиони евра за изградба и реконструкција на училишта урнати или оштетени од земјотресот што Албанија ја погоди на 26 ноември минатата година.

Еден ден откако ЕУ одобри фонд во износ од 115 милиони евра за обнова на Албанија, канцеларијата на ЕУ во Тирана и албанската Влада ја потпишаа програмата „ЕУ за училиштата”со фонд од 15 милиони евра, што ќе биде наменет за обнова на 22 училишта, каде настава следат околу 7.500 ученици.

– Ветивме помош и еве истата брзо ја доближуваме . Училиштата се најдоброто олицетворение на обновата и вербата во иднина. Отпочнуваме со помошта за училишта со највисоки меѓународни стандарди, а тоа е најдобрата акција што треба да се преземе. Одговорот на ЕУ уште еднаш покажува дека Албанија не само што е географски блиска, туку и блиска до нашите срца и мисли, изјави амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца.