Калајџиев кон Забрчанец: Попусто се даваат гаранции, кога немаме механизми кои гарантираат дека власта нема да ги злоупотреби овластувањата

0
110

Професорот по правни науки од правниот факултет од Скопје, Гордан Калајџиев на денешното гостување во Топ Тема на Телма телевизија истакна дека иако Марјан Забрчанец, како дел од владата, гарантира дека нема злоупотреби, тие не се доволни за убедување затоа што ние во моментов немаме никакви механизми за контрола на власта во вонредната состојба.

-Ние немаме систем за политичката елита од неколкумина во држава би ја спречила од можно злоупотреби, ние и големи злоупотреби не сме ги расчистиле, како што е примерот со прислушкувањето, вели Калајџиев.

Тој вели дека во конкретнатава ситуација не постои ни парламентарна контрола, ниту пак функционира граѓанското тело на коешто тој бил член, кое можело да врши некаква превентивна контрола.

-Покрај гаранциите коишто лично ги дава Забрчанец, кои мене не ми се доволни, ние немаме механизми кои гарантираат дека власта евентуално нема да ги злоупотреби овластувањата, особено ако ситуацијата потрае, критикуваше професорот.