Кина се залага за изградба на здравствена заедница преку борба со епидемијата со дигитална технологија, порачува кинескиот амбасадор

Скопје, 18 април 2020 () – Епидемијата на КОВИД-19 во 2020 година прерасна во голем тест за човештвото во ерата на глобализација, како и екстремен стрес-тест за дигиталното владеење. Меѓународната заедница веќе неколку месеци се соочува со КОВИД-19 и на луѓето им е се појасно дека дигиталната технологија прерасна во потребната инфраструктура за економски развој и општествено управување, вели кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо во колумната за . Кина во голема мерка ја користи дигиталната технологија во борбата против епидемијата, нагласува Џанг Ѕуо и додава дека ова искуство многу ќе помогне во заложбата за изградба на глобална здравствена заедница. Во продолжение е целата колумна на кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо за : I. Борба против епидемијата со дигитална технологија и помага на Кина да постави репер и да обезбеди модел за изградба на здравствена заедница. Според експертите на Светската здравствена организација, беше погодно и ефикасно за Кина да употреби, на еден сеопфатен начин, големи податоци, вештачка интелегенција, 5Г и други технологии за реализација на онлајн клиники за тестирање, онлајн дијагноза и лекување, како и „здравстени кодови“ како сертификати за неинфицирани луѓе. Епидемијата на КОВИД-19 е вонредна состојба од огромни размери поради најбрзо ширење и најголем број инфекции, и претставуваше една од најтешките инфекции за превенција и контрола во Кина уште од формирањето на Народната Република во 1949 година. Сепак, под личното водство на Претседателот Си Џинпинг, Кина воспостави унифицирана и ефикасна командна платформа со помош на големи податоци, а исто така и формулираше регионална различна епидемиолошка контролна стратегија според пристап заснован на конкретни региони и нивоа. Изведовме таргетирана епидемиолошка контрола со големи податоци, со целосна употреба на онлајн ресурси и информациски алатки за епидемиолошка превенција и контрола, и воспостави сеопфатен онјалн и офлајн контролен систем. Клауд (облак) заедница, обработка во облак, претплата во облак, канцеларија во облак, училница во облак и многу други апликации го забрзаа пристигнувањето на „ерата на облак“ во Кина. Преку изградба на најголемиот светски и најширокиот онлајн систем за директно известување, т.н. „унифицирано управување во една мрежа“, Кина е во можност да врши рано откривање, рано известување, ран карантин и ран третман. Ова ја подобрува општествената ефикасност и обезбедува таргетирана епидемиолошка контрола. -Јакнење на дигиталната медицинска инфраструктура. Врз основа на онлајн платформата, ние успеавме да утврдиме таргетирано совпаѓање на понуда и побарувачка на медицинска опрема, ефикасно производство, целосно ангажирање на ресурси и рециклирање. Националната комисија за здравство, заедно со Tencent и BAIDU, подготви навигациска мапа на назначени болници и клиники за тестирање за КОВИД-19. JD.com, Alibaba, Tencent, Ping An Good Doctor, Ding-Dang Express Doctor и други платформи ја поставија услугата „Бесплатната онлајн клиника“, која овозможува онлајн консултација за температура, домашна заштита, медицинска помош, психолошко советување и други услуги. Интернет гигантите најдобро ја искористија нивната ефикасност и флексибилност во борбата со епидемијата. Преземените функции слични на хардвер на инфраструктурата одиграа важна улога во поддршката во првите борбени линии, логистичката поддршка, како и поддршка на луѓето преку нудење на информации и услуги за производи, ресурси за координација и обезбедување на големи податоци и поддршка преку алгоритми. Благодарение на нивната поддршка можеа да се изградат болниците Леишеншан (Планина на богот на грмотевицата) и Хуошеншан (Планина на богот на огнот) во Вухан за 10 дена од страна на 20.000 луѓе кои работеа деноноќно, поставувајќи по еден прозорец на секои десет секунди и ѕиден панел на секои две минути во просек. Поминаа само 12 часа од донесувањето на одлуката и почетокот на градбата, во кое време беа завршени планирањето, организацијата и координацијата на различните процеси и процедури. Повеќе од 100 специјализирани болници или теренски болници беа изградени во Кина во овој период. II. Борба против епидемијата со употреба на дигитална технологија помага во унапредувањето на меѓународната здравствена соработка и отвора пат за изградба на здравствена заедница. Кина го засилува пробивот во медицинска технологија и опрема преку организирање на ИТ компании и институции за медицински истражувања заедно да решаваат клучни прашања, како и воспоставување и подобрување на превенцијата од болести и контролни механизми. Кинескиот медицински и научно-истражувачки кадар се тркаат со времето во подобрувањето на мерките за дијагноза и третман, постојано кревајќи ја стапката на лекување и намалување на стапката на смртност. Со брзината што ја има Кина, земјата се здоби со скапоцено време во глобалната превенција на епидемијата. Преку силата на Кина, земјата направи значајна линија на одбрана за контрола на ширењето на епидемијата. Неколку седмици претходно, знаејќи дека медицинските материјали на Кина се трошат, многу земји во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“ и понудија помош на Кина на многу начини. Повеќе од 170 земји и 50 меѓународни и регионални организации, како и 300 странски политички партии искажаа сочувство и и дадоа поддршка на Кина (овие податоци се заклучно четврток). Имајќи предвид дека превенцијата на епидемијата и напорите за нејзино контролирање имаат позитивна тенденција, а кинеското производство постепено продолжува, Кина почна да донира медицински материјали на другите земји и да испраќа тимови од медицински експерти. Ова претставува јасен приказ на градење на заедница на човештвото со споделена иднина. Кина посветува особено внимание на продлабочување на меѓународната соработка на полето на здравството. Кина во рекордно време ги сподели нејзиното научно истражување и податоци со СЗО и светот, како и генетската низа на вирусот, вклучително и индикаторот на нуклеинска киселина и пополнувањето на низите, што е од суштинско значење за производство на тестови. Кина организираше теренски истражувања од страна на заеднички експертски групи на Кина и СЗО, кои дадоа конструктивни предлози за епидемиолошка контрола во Кина и светот. Кина изведе научно-истражувачка соработка со одредени земји, особено оние со висока стапка на инфекции, во области како што се откривање, лекови, вакцини и тестирање. Кина обезбеди помош за 140 земји и меѓународни организации, вклучително СЗО, ЕУ и АУ, и испрати 17 тимови од медицински експерти во 15 земји, вклучувајќи ги Италија, Русија, Србија, Камбоџа и други. Кина одржа видео конференции со експерти од повеќе од 150 земји во Североисточна Азија, Јужна Азија и Централна и Источна Европа и АСЕАН, ЕУ и АУ и други регионални и меѓународни организации (овие податоци се заклучно четврток). Кина воспостави онлајн центар за меѓународна превенција и контрола на КОВИД-19. Кина ја објави верзијата 7 на планот за третман и верзијата 6 на планот за превенција и контрола, со цел земјите низ целиот свет да можат да усвојат различна стратегија заснована на напредок и проценка на ризик на својата епидемиолошка состојба без да треба повторно да го измислуваат тркалото.

Извор opsever