Клиниката за хематологија со совети и препораки за пациентите во услови на Ковид-19

0
34

Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на COVID-19 болеста работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство на Република Северна Македонија.

Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24 часовен континуиран специфичен третман.

Најважна улога во превенцијата на Ковид-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест.

Поспецифични препораки за најчестите хематолошки заболувања.

– Агресивни лимфоми – Не се препорачува промена или одложување на иницијалната терапија.

– Индолентни лимфоми – Се препорачува започнувањето на терапија да се одложи колку што е можно подолго, односно „watch and wait“ пристап. Кај пациентите кои треба да продолжат со терапија на одржување со Rituximab, се препорачува истата да се одложи, а доколку веќе се на терапија на одржување, да се прошират временските интервали на апликација помеѓу циклусите.

Извор Сител