КОД: Кој е злосторникот што го праќал списокот на заболени од Ковид 19 по социјални мрежи- трагите во два правци, кон полиција или здравствен дом

Ексел документ пресликан во две фотографии. На него имиња, адреси, телефонски броеви, возраст и забелешка каде се сместени. Вкупно 44 графи што означуваа колку пациенти во Куманово се заразени со Ковид 19.

КОД откри дека овие фотографии. првпат се споделуваат преку социјалните мрежи на први април. Тоа го покажува и документот на кој на врвот стои Општина Куманово заклучно со 30-ти март. Не станува збор за првоаприлска шега, туку некој кој имал пристап до списокот ги сликнал списоците со сите податоци на болни, заразени луѓе. Потоа таа слика се споделува од некој злосторник која ја искористил шансата бидејќи имал пристап до податоците.  Во тој момент во Куманово има регистрирано двајца починати од Ковид 19 кои со личните податоци ги има во сликаните документи и вкупно 47 потврдени случаи на корона вирус. Тој ден бројот на заразени во Куманово се дуплира од 24, за еден ден имаше 23 позитивни тестови.