Корона исфрли 226 милијардери од листата на Форбс

Џеф Безос трета година по ред е на врвот на списокот на светските богаташи.

Сепак, во првата половина од март 226 лица го изгубија статусот милијарди поради економските влијанија предизвикани од коронавирусот, пишува Форбс

Светската пандемија ја измени листата на милијардери, па многу од нив се тргнати.

Безос остана на врвот на листата благодарение на неговата нето вредност од 113 милијарди долари, иако бележеи пад од 18 милјарди долари во однос на минатата година.

Најголема причина за тоа е разводот на Безос. Акциите на Амазон, меѓутоа, пораснале за 15 отсто од минатата година, што му помогнало да ја надополни загубата од разводот.