Курти: Владата со која раководев беше независна, новата влада ќе зависи од Српската листа

Вршителот на должност премиер на Косово Албин Курти изјави дека напорите кои се вложуваат да се формира влада без вклучување на победникот од последните избори, движењето„Самоопределување“, се директно насочени против него.

Според Курти, дали и кога ќе биде фомрирана новата косовската влада ќе зависи единствено од желбите на Српската листа.

Коментирајки го барањето на претседателот Хашим Тачи, второ рангираната партија на Иса Мустафа да го назначи името на новиот мандатор, Курти најави дека одлуката ќе биде неуставна и дека ќе се обрати пред Уставниот суд.