МВР со најава: Соодветни мерки за сите кои го прекршија полицискиот час во Ченто

Против сите лица кои синоќа во скопската населба Ченто го прекршија „полицискиот час“ ќе бидат поднесени соодветни мерки, порачуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Жители на Ченто синоќа излегоа на протест за време на полицискиот час, како реакција на приведувањето на тројца нивни сограѓани од полицијата за непочитување на рестрикциите. Според првичните податоци, приведените се обидувале да ги извадат бариерите на патот што служеле за намалување на брзината на автомобилите.

„Лицата биле уапсени на улицата „Алија Авдовикќ“. По апсењето се собрала поголема група на луѓе кои излегле на улица во знак на протест. По изготвената документација, тројцата уапсени лица се пуштени од полициска станица, а насобраната толпа се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитувале ограничувањето на движење“, велат од МВР.