Најбезбедно е маска да се набави директно во аптека

0
36

Хируршки, памучни и платнени маски во државата има доволно – велат пазарните инспектори. Влеговме во период кога нова мерка на властите е секој да мора да носи маска или во спротивно да плати казна од 20 евра во буџетот. Цената на таквата заштитна опрема во аптеките се движи од 5 до 95 денари, во зависност од производството. Треба само волја за носење, вели првиот човек на Државниот пазарен инспекторат.

Најбезбедно е маска да се набави директно во аптека. Сите оние коишто со неколку кликови на Фејсбук нарачуваат маски коишто се нудат по различни цени и од различен материјал, тоа го прават на свој ризик. Каков производ се нуди таму – инспекторите не можат да проверат.

Во меѓувреме Владата на својата страница објави Јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски од домашен произведувач. Трае уште три дена и во него пишува дека услов е да се испорачуваат најмалку 2 илјади маски дневно. Ако произведувачот работи со свој материјал, максималната цена може да биде 40 денари по маска. Ако материјалот го обезбеди државата – 25 денари.

Извор Телма