Наќе Чулев на Влада гласал против одлуката за првомајските празници, а граѓаните ги нарекол агресивни

0
32

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев бил против одлуката за олабавување на мерката за ограничување на движењето на граѓаните за претстојниот продолжен викенд на кој му претходи 1 мај поради што петок е прогласен за неработен ден, брифираат членови на Кризниот штаб на Владата.

Според нив, Чулев пред владиниот штаб и на владината седница изнел оценка за психичкото и социјално однесување на граѓаните, тврдејќи „дека граѓаните биле агресивни“.

Таа причина, според членови на Кризниот штаб, навел како образложение зошто полицијата не постапува соодветно со оние кои не носат маски или не го почитуваат правилото за негрупирање.

И додека од Кризниот штаб, од Владата и од СДСМ го посочуваат ова, дел од проопозициските медиуми наведуваат дека на владината седница „натежнал“ ставот на Чулев кои пишуваат оти „министерот смета дека граѓаните се дисциплинирани и заслужуваат пофлексибилен полициски час“.

Предлогот, пак, на Комисијата за заразни болести, според министерот за здравство, Венко Филипче беше полицискиот час за претстојниот викенд да почне во четврток во 19 часот и да трае до понеделник до 5 часот наутро.

Извор Нова