Обвиненија за 11 лица во Делчево, 2000 евра казна за непочитување на полициски час и самоизолација

0
112

Седум лица се обвинети за сторено кривично дело – Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

Четворица се обвинети за истото кривично дело бидејќи не ги почитувале наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да ги напуштаат своите престојувалишта, обвинетите не биле пронајдени при вршење на контрола,

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност, соопшти Обвинителството.