ОН: Од коронавирус ќе починат најмалку 300.000 Африканци

Пандемијата од коронавирусот ќе усмрти најмалку 300.000 Африканци, а 29 милиони луѓе ги очекува екстремна сиромаштија, објави Економската комисија за Африка при Обединетите Нации.

Вкупно 54 африкански држави засега известија за 20.000 потврдени случаи од Ковид-19, што е малку во однос на остатокот од светот каде се заразени два милиони луѓе.

Но, Светската здравствена организација во четвртокот предупреди дека во Африка за три до шест месеци би можело да има 10 милиони случаи со коронавирус.

Повеќето африкански земји засега воведоа мерки како социјално дистанцирање, полициски часови и контроли при патувањата, како и целосни карантини.

Но, и во најдобро сценарио, на Африка и се закануваат 122, 9 милиони заразени, 2.3 милиони хоспитализирани и 300.000 мртви, стои во податоците на оваа комисија при ОН.

Извор СлободенПечат