Опаѓа бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19 во Германија

Во Германија, уште 2.458 лица се заразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 139.897 лица, соопшти Институтот Роберт Кох.

Најновите податоци покажуваат дека бројот на заразени лица се намалува, по четиридневен континуиран раст.

Исто така, намален е и бројот на смртни случаи.

Според најновите податоци од Институтот Роберт Кох, пријавени се уште 184 смртни случаи, со што вкупниот број на починати достигна 4,294. Вчера имаше 242 смртни случаи, а во петокот 299 .