Опожарено возило во Куманово

0
29

На 24.04. околу 04,00 часот во Куманово на ул. “Ѓуро Пуцар-Стари“, опожарено е патничко моторно возило марка “ауди“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на М. Д. од Куманово.

Истиот по негово кажување се сомнева дека пожарот, кој сам го изгасил бил подметнат.

Извршен е увид и СВР Куманово работи на целосно расчистување на настанот.