Почина мајката на сопругата на Пендаровски, посмртно се тестира за Ковид-19

0
151

Мајката на сопругата на претседателот Стево Пендаровски, починала денеска, а посмртно земени се брисеви за вирусот Ковид-19. Сепак, како што велат од Кабинетот за Прес24, таа извесно време, околу една година имала здравствени проблеми и била во тешка состојба.

Претседателот Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска не се тестирани за Ковид-19, а дали воопшто ќе се тестираат ќе зависи од резултатот на тестот на починатата жена.