Почина притвореник во Шутка, постхумно утврдено дека е заразен со коронавирус

Првиот пат бил негативен, но повтореното постхумно тестирање покажало дека притвореникот е носител на вирусот. Според информациите на Канал 5 од истражниот затвор починатиот бил дел од групата осомничени за измама со јаболка во Ресен, во затворот влегол на 8 март, но не појавил симптоми на корона вирус. Починал вчера, околу три часот по полноќ. Од извори на Канал 5 бил со уште тројца во ќелијата, според затворските правила притворените излегуваат соба по соба, па епидемиолошка анкета ќе им се прави на цимерите и на уште неколкумина вработени во затворот кои биле во контакт со него.

Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ, во телефонски разговор со Канал 5 кусо одговори дека ситуацијата во затворот е нормална и се придржуваат на мерките од комисијата за заразни болести, со официјално соопштение затворските власти ќе излезат утре.