Пристигнаа 15 фламинга во Скопската зоолошка градина

Во скопската зоолошка градина пристигнаа 15 птици, од родот фламинга, информираа оттаму. Тие сега се чуваат во посебни услови, а ќе бидат покажани штом ќе биде комплетирано нивното живеалиште.

Во моментов во зоолошката сe подготвува и живеалиштето за пингвините, кои наскоро треба да допатуваат од Лондон.

„Живеалиштата се при крај, се надеваме дека наскоро ќе заврши пандемијата и граѓаните ќе можат да уживаат во глетките на овие најубави тропски птици. Во исто време, градиме и нови катчиња со забавни содржини, каде најмладите целодневно ќе се едуцираат и уживаат“, објави директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.