Семејна веселба заврши со пукање – ги викнале на гости, дошле со пушка и боксирач

Семејна веселба во селото Долно Соње, скопко завршила со пукање и расправија.

Како што информираат од полицијата две лица кои биле поканети на веселбата во домот на П.К. по кусо време ја пуштиле куќата, но набргу пак се вратиле, овојпат, носејќи со себе ловечка пушка и боксирач.

Двајцата на возраст од 27 и 24 години, влегле во куќата и го нападнале синот на сопственикот, а едниот од нив испукал проектил во правец на неколку лица.

Еден од домаќините се обидел да ја одзеде пушката од рацете на воооружениот гостин, па вториот проектил бил испукан во воздух.

Двајцата го напуштиле местото на настанот, но набргу по пријавувањето во полицијата биле пронајдени и приведени. Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.