Србија распореди војска пред Центарот за мигранти во Обреновац

Оклопно борбено возило и поголем број на припадници на воената полиција на војската на Србија се распоредени во Центарот за згрижување на мигранти во градот Обреновац.

Причина за засилувањето на безбедносните мерки е инцидентот кој пред три дена се случи во овој центар, кога две големи групи на мигранти, физички се судрија по што , конфликтот прерасна во масовна тепачка.

Дел од мигрантите ја обвиниле другата група бегалци дека им ги крадела личните предмети, по што дошло до жестока физичка пресметка.