Српски владика кој служел велигденеска литургија заразен со корона вирус

Владика на Српската православна црква, викарот на патријархот Иринеј, заразен е со корона вирус, додека патријархот Иринеј бил тестиран на Ковид 19 и неговиот наод е негативен, јавува Танјуг.

Владиката, според наводите на одредени медиуми, е хоспитализиран во Земунската болница, а претходните денови во храмот „Свети Сава“ во Белград тестирани биле повеќе од дваесетина луѓе, вработени во Храмот.

Владиката во неделата, во храмот „Свети Сава“ служел велигденеска литургија на која присуствувале мал број на верници кои тие денови се причестиле.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, ниту ја потврдил, ниту ја демантирал веста, но за медиумите не одговорил дали сега треба да се тестираат верниците кои присуствувале на литургијата во неделата. И во Македонија и во Србија се водеше дебата за причестот на верниците со иста лажичка за време на пандемијата на Ковид 19.

Извор Фокус