Три трафики изгореа на „Кеј 13 ноември“ во Скопје

Пожарот, според информациите на Противпожарната бригада, бил пријавен во СВР Скопје утринава околу 4.30 часот. Интервенирале две возила, по што огнот кој зафатил површина од 70-тина квадратни метри бил целосно изгаснат два часа подоцна.

Претпладнево на лице место увид вршеа неколку полициски службеници. Надлежните се уште истражуваат како избувнал пожарот и колкава е материјалната штета.

Работа за пожарникарите секогаш има, но поради вонредната состојба и рестрикциите за движење на населението обемот на интервенции е речиси преполовен во споредба со истиот период лани, вели за Канал 5 првиот човек на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски.