Тројца вработени во Центарот за јавно здравје во Велес заразени со коронавирусот

0
21

Утре Ценатарот за јавно здравје во Велес затворен, тројца вработени позитивни.

Центарот за јавно здравје во Велес утре е затворен бидејќи тројца работници се заболени од корона вирус па поради тоа и останатите вработени мора да останат дома во карантин.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски реагира до надлежните Велес не смее да се остави без земање на брисеви. До сега тоа се правеше во зградата на поранешното основно училиште Јордан Хаџи Костандинов Џинот.

-Тоа значи дека од утре јавна институција во Велес нема да има која ќе земе брисеви од останатите граѓани а кои имаат потреба. надлежните да го решат проблемот и утре да има мобилна екипа да не престане процесот на скенирање.

Центарот ќе продолжи со работа, освен утре кога ќе се тестираат останатите вработени, по што ќе знаеме кој треба да оди во самоизолација, објаснуваат од велешкиот Центар за јавно здравје.

Извор Канал5