Уште двајца од Штип се излекувани од ковид-19

За уште две лица од Штип попладнево е потврдено дека се излекувани од ковид-19. Како што соопштија од Министерството за здравство, тие со лесна слика на болеста биле на домашно лекување и под постојан надзор на лекарски тим од болницата во Штип.

Кај овие лица, согласно протоколот, биле направени два контролни теста, кои покажале негативен резулат на коронавирусот.

Моментно, во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат четворица пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.