Филипче: Заразен вработен во лабораторијата на Детска клиника, четворица во самоизолација

Лаборант од Детската клиника заразен со Корона вирусот, информираше министерот за здравство. Вработениот е изолиран, а засега и 4ца од 18те вработени на оделот ќе одат во самоизолација, по направените епидемиолошки анкети. За лаборантот не се знае од каде се заразил, но Филипче уверува дека за време на работните задачи била користена заштитна опрема во одделот.

Министерот уверува дека нема потреба од реорганизација на одделот.

Инаку бројот на здравствени работници кои се позитивни на Корона вирусот во земјава е над 120.

Околу мистериозниот велешки случај кој дополнително ја „подгреа“ јавноста, Филипче информираше дека се прибрани и дополнитени информации кои ќе се земат предвид во изготвувањето на финалниот извештај.