Филипче: Нема да има собири во црквите, доколку се почитуваат мерките

Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција рече дека мерките за спречување на корона вирусот се однесуваат и на црквите и доколку тие се почитуваат, собири нема да има ниту во верските храмови.

-Има мерки што важат за масовните собири и тие мерки доколку се почитуваат, нема да има ниту собири во црквите. Ако тоа се почитува, ако нема повици, ако свеста е на високо ниво, тогаш не очекуваме да има проблеми. Ако се почитуваат мерките, нема да има собири ниту во црквите. Сите мерки се преземаа од страна на Владата за се спречат собирите, рече Филипче.