Филипче: 72 нови случаи на заразени од коронавирус во едно деноноќие

0

Уште две лица починаа,бројката на жртви се искачи на 19. Во функција се става и Градската болница „8ми Септември“. Десет отсто од заболените се здравстени работници. Ќе се бараат уште порестриктивни мерки за превенција а бројката на заболени се очекува да се искачи до две илјади

СКОПЈЕ – Рекордни 72 случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во последните 24 во Северна Македонија со што вклупната бројка на заболени се искачи на 555 лица. За жал во последното деноноќие починаа уште две лица хоспитализирани на Инфективната клиника и во Градската болница „8ми Септември“. Станува збор за маж од струшко Лабуништа, на 63 годишна возраст, донесен со тешка клиничка слика, бројни коморбидитети, и за жител на Куманово потврденпозитивен на вирусот КОВИД-19 на 1-ви април.

„Од Клиниката за инфективни болести со два контролни теста, денеска, дома заминуваат тројца пациенти во добра општа состојба и дополнителни тестови се чекаат за четири пациенти, кои доколку се негативни по вторпат, утре, ќе бидат исто така пуштени дома, во добра општа состојба“, соопшти министерот Филипче.