Адеми: Можното продолжување на наставниот процес ќе се дискутира следната недела

0
78

Учениците од своите другари и наставници годинава ќе се простат преку разните платформи кои нудат онлајн настава. Министерот за образование, Арбер Адеми рече за Алсат дека до овие моменти не било дискутирано за можното враќање на наставниот процес во училиштата. Додаде дека тоа зависи од мислењето на експертите во соодветните области.

„Сега не би можел да кажам дали во текот на учебната година можат да се вратат учениците во училиште бидејќи тоа зависи од мислењето на експертите, особено од епидемиолозите и евентуалните ризици со кои можеме да се справиме како општество, а особено децата. Затоа, уште повеќе кога имаме во предвид дека уште малку остануваат до крајот на учебната година, што значи дека таквата одлука ќе се заснова на мислењето на експертите од областа, епидемиолозите и истото ќе се разгледува во Влада, а ќе се земаат во предвид сите околности“, вели Адеми.

Кога станува збор за оценувањето на учениците, Адеми рече дека сите резултати прикажани од учениците во овој период ќе бидат земени во предвид. Наставниците се должни да продолжат со оценувањето на учениците. Исто така, министерот Адеми најави дека во текот на оваа недела ќе има конечен предлог упатен до Владата во врска со државната матура. Професорот Џеладин Мурати оцени дека по 10 мај повторното отворање на училиштата е неразумно. Според Мурати, во случај да се отворат училиштата, треба да се спроведат некои мерки за успешно завршување на учебната година.

„Прво, треба да се направи друга организација на учебната година, треба да има намалување на часовите, намалување на предметите. Часот да трае 35 минути. Некои предмети не треба да се изучуваат како слободни активности, дополнителното учење. Предметите по вештини, физичко образование, музичко образование, фигуративно образование треба да се намалат на еден час неделно и да се зголеми бројот на предмети по јазик, математика, наука, физика, други предмети што се основни за учениците да се справат со тешкотиите што се предизвикани во реализацијата на програма, со краток распоред“, изјави Џеладин Мурати, професор.

Професорот Мурати апелираше до наставниците да бидат внимателни при оценувањето на учениците, затоа што според него не е разумно оценките да се завршат врз основа на успех на почетокот на учебната година. Професорот Мурати потсети и дека оваа учебна година не може да се каже дека е изгубена, туку според него, да се создаде простор за таа да биде успешна.

Извор АлсатМ