Адеми: Носев маска и ракавици во Куманово, но останувам во изолација

0
88

министерот за образование и наука, Арбер Адеми, кој е еден од четворицата владини функционери кои завршија во изолација откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, објави дека е заразен со коронавирусот, се обрати преку социјалните мрежи порачувајќи дека останува во изолација.

„Од денешната позитивна потврда за ковид-19 на градоначалникот на општина Куманово, иако како и сите присутни на состанокот бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидимиолозите сметаат дека е доволна заштита, останувам во изолација и ќе постапам согласно протоколите за постапување во вакви ситуации. На градоначалникот на Куманово, но и на сите заболени во моментов им посакувам брзо оздравување и заедно да излеземе од целата оваа состојба. Останете дома и грижете се за вашето здравје!“,

порача Адеми.

Тој заедно со премиерот Оливер Спасовски, со вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче, вчера беа на состанок во Куманово.