Америка ја надмина Италија по бројот на починати од корона вирус

0
83

САД и официјално ја надмина Италија по бројот на починати од корона вирусот. Со новите 2.000 починати за едно деноноќие, бројката достигна 19.701. Италија се симна на второто место со 19.468 смртни случаи. Овие податоци ги објавува реномираниот универзитет Џон Хопкинс, и се додава дека без оглед која земја пријавува повеќе жртви, трагедијата е огромна за сите.

Здравствените експерти на Белата Куќа оценуваат дека епидемијата во САД е во фаза на стабилен пораст наспроти неконтролираното ширење на болеста, , посочувајќи дека мерките на социјално дистанцирање очигледно се клучниот фактор кој придонесува за ублажување на последиците од пандемијата. Сепак, американските граѓани се предупредуваат дека врвот се уште не е достигнат.

„Навистина станува збор за охрабрувачки знаци кои ги гледаме, но колку и да се охрабрувачки, ние се уште не сме на врвот. Затоа, секој ден треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме вчера и неделата пред тоа, заоа што на крајот тоа ќе не пренесе и преку врвот на епидемијата и надолу на другата страна од кривата“, вели Др. Дебора Биркс, специјален тим против корона вирусот на Белата Куќа