Барањето за итна собраниска седница стигна во Собранието, на потег е Џафери

0
84

Предложени се две точки на дневниот ред, односно потврдување на двете одлуки на Пендаровски за прогласување вонредна состојба

Пратениците се повикуваат на член 63 од Уставот според кој мандатот може да им биде продолжен во случај на вонредна состојба

Барањето што го инцираше СДСМ за свикување итна собраниска седница за потврдување на одлуките на шефт на државата за прогласување вонредна состојба стигна кај спикерот Талат Џафери, информираа денеска од неговиот кабинет. Сега тој треба да одлучи дали ќе закаже седница, и покрај одлуката за распуштање на Собранието, што ја донесоа пртаениците на 16 февруари.

Според Уставот, претседателот на парламентот е единствен надлежен да закаже собраниска седница, а тоа може да го направи и по предлог на Владата, претседателот на државата и најмалку 20 пратеници.