Барањето за мерката 14.500 на почеток на мај, во системот на УЈП над 14.000 трговски поединци и самостојни вршители

0
78

Околу 14 илјади трговци поединци и самостојни вршители на дејност се регистрирани во Управата за јавни приходи, кои се опфатени со мерката за 14.500 денари за плата. Оние кои ги исполнуваат условите од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, барањата до Управата за јавни приходи ќе ги поднесуваат на почетокот на мај, односно до 5-ти во месецот. Од УЈП најавуваат дека работат на подготовка на барањето и дека наскоро ќе го објават.

– Во системот Е-персонален данок на Управата за јавни приходи евидентирани се вкупно 10.280 обврзници кои поднеле образец ДЛД-ДБ за 2019 година и 3.865 обврзници со утврден годишен паушален нето доход. Истите ќе се квалификуваат за користење финансиска поддршка доколку ги исполнуваат условите од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за време на вонредна состојба (,,Службен весник” бр.92/2020), велат за МИА од Управата за јавни приходи.

Обврзници кои поднесуваат ДЛД-ДБ образец се трговци поединци и вршители на самостојна дејност.