Бислимоски: Потрошувачите што ги задржаа своите редовни примања навреме да ги плаќаат сметките

0
81

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски ги повикува граѓаните кои ги задржаа своите редовни примања и покрај мерките за заштита од коронавирусот навремено да ги подмират своите сметки за електрична и топлинска енергија, како и за водни услуги.

-Апелираме до оние потрошувачи коишто ги задржаа своите редовни примања, да си ги подмируваат своите сметки, за електрична и топлинска енергија, како и водни услуги, бидејќи ако не ги подмират редовно ќе имаме сериозен проблем со ликвидноста. Тоа е еден маѓепсан круг, ако ЕВН не собира пари, ќе имаат проблем за работа МЕПСО и ЕСМ и ќе имаме проблеми со сите водни претпријатија. Оваа мрежа ќе треба да продолжи да им служи на граѓаните и по завршувањето на оваа вонредна состојба, порача Бислимоски.