Борис Џонсон веќе не е на интензивна нега

0
79

Од неговата канцеларија известија дека се чувствува многу добро.

„Премиерот е пренесен од единицата за интензивна нега на одделение каде ќе биде внимателно набљудуван за време на раната фаза на закрепнување“, рече портпаролот од неговата канцеларија за БиБиСи.

Пред три дена, Борис Џонсон беше префрлен во одделот за интензивна нега во лондонската болница заради влошување на симптомите со коронавирусот. Тој добил терапија со кислород, но не бил вклучен на респиратор.